Со победата на Шпанија против Украина со 72:68, односно поразот на Турција од Црна Гора со 71:66, репрезентациите на овие две земји ќе ги гледаме на мундијалот што ќе се игра во Кина. Летонија ја совлада Словенија со 77:82.
Шпанците имаат 18 бода, Турците имаат 17, а за последното место што од групата И води на СП, ќе се борат Црногорците, Летонците и Украинците. Европскиот шампион Словенија ги загуби шансите во претходното коло.

До крајот на мундијалските квалификации, во претпоследното коло Летонија игра дома со Шпанија, Украина во директна пресметка со Црна Гора, Турција игра небитен натпревар со Словенија.
Во последната рунда во рамките на Групата И, ќе се соочат Шпанија и Турција, Црна Гора и Летонија, односно Словенија и Украина.

Во Групата Ј, квалификуваната Литванија ја совлада Хрватска со 79:62, Полска победи против Италија со 94:78, а Унгарија по дополнителните минути се радуваше против Холандија со 91:86.
На табелата водат Литванците со 19 бода, следуваат Италија, Полска, Унгарија и Хрватска кои што ќе се борат за останатите две места од оваа група, кои што се виза за Кина.

Во следната рунда, Хрватска игра со Полска, Холандија ќе се соочи со Литванија, Италија игра со Унгарија. Во последното коло се соочуваат Литванија – Италија, Полска – Холандија и Унгарија – Хрватска.
Математиките се отворени до 22-ри февруари, кога нештата во ова друштво ќе станат појасни, пред последната рунда во оваа група.

Од другите зони на ФИБА, на завршниот тирнир на најдобрите светски селекции се пласираа уште 5 репрезентации.
На Шпанија и Турција, им се придружија Нов Зеланд, Кореа, САД, Венецуела и Аргентина.

Бројот на квалификувани репрезентации на следното светско првенство, во Кина 2019-та година, се зголеми на 17.
Следниот мундијал ќе биде прв во ваков формат и со 32 репрезентации учеснички, што е рекорден број во историјата на ФИБА.