ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Шкупи ја плати аеродромската сметка

Шкупи ја плати аеродромската сметка

сподели
Андреј Маслинко одигра извонреден натпревар (фото: mztskopjeaerodrom.mk)

Два дена по првиот пораз во АБА 2, МЗТ Скопје го оствари првиот триумф во домашното кошаркарско првенство.

Веројатно никој и не очекуваше ништо поинаку против Шкупи, но Ѓорѓи Кочов им даде шанса на оние кои имаат помала минутажа во регионалното натпреварување. Иве Иванов воопшто не беше во составот, Лестер Медфорд не влезе во игра, но и без нив вицешампионот славеше со 103:63.

Аплицирајте веднаш за

Во центарот на вниманието беше Андреј Маслинко кој го заврши натпреварот со 30 поени и 11 скока. Шансата ја искористија и Лука Стојановски, Леонид Тодоровски и Ранко Мамузиќ кои покажаа дека можеби треба на нив повеќе да се смета и во АБА 2.

Шкупи, чиј состав уште не е комплетиран, беше и без првиот тренер Енвер Мифтари кој заздравува по операцијата. Последните засилувања Богданоски и Тасков беа најефикасни, но првите бодови во сезоната, чаирчани ќе ги бараат на следните натпревари.