ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Шкупи се откажа од Херис и Тејлор, а донесе француски плејмејкер

Шкупи се откажа од Херис и Тејлор, а донесе француски плејмејкер

сподели
Жонатан Догбо е замената за Тај Херис

Тај Херис и Џозеф Тејлор добија исписница од Шкупи на нивна штета по двонеделни препукувања со раководството на клубот.

Откако самоволно го напуштија чаирскиот тим пред новогодишните празници и заминаа во БиХ, двајцата добија суспензија по што се извинија за своите постапки и на тој начин издејствуваа ослободување од обврските за што ќе треба да платат отштета. Тие веќе тренираат со екипата на Слобода Тузла и се очекува в недела да дебитираат за новиот клуб.

Џозеф Тејлор, како и Херис, е веќе минато за Шкупи

Во исто време Шкупи договори замена за Херис на плејмејкерската позиција. Во Чаир веќе пристигна францускиот интернационалец Жонатан Догбо кој веќе е регистриран и ќе настапи на дуелот со Пелистер во 12. коло од Првата лига.

Дел од минатата сезона Догбо поминал во словачкото првенство, во тимот на Нитра за која одиграл седум натпревар со просек од 7,7 поени по натпревар.