ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ШКУПИ РЕАГИРА: Не „терате“ да работиме спротивно на законот

ШКУПИ РЕАГИРА: Не „терате“ да работиме спротивно на законот

сподели
фото: архива

Во писмото упатено до претседателот на МКФ, до УО на МКФ и до спортскиот директор при МКФ, клубот Шкупи од Скопје реагира на одложувањето (за 24 часа) на мечот со Фени Индустри.

Дуелот од третата рунда што требаше да се одигра во салата во Чаир, бил одложен поради тоа што салата не ги исполнувала минималните услови за игра, пропишани во новите насоки од Федерацијата.

МКФ истакна дека нема да дозволи играње на натпревари во сали кои што не ги задоволуваат критериумите, но клубот од Чаир има свое видување на оваа ситуација.

фото: архива
Аплицирајте веднаш за

Шкупи има(ше) 24 часа да ги „среди“ сите неправилности (соблекувалните и тоалетите), а соопштението ви го пренесуваме во целост:

„Се што е побарано од нас како клуб е исполнето. На состанокот одржан во просториите на МКФ ви посочивме дека салата е под Агенцијацата за млади и спорт, а вие инсистиравте да правиме работи спроти законот, бидејќи истата Агенција за млади и спорт може да не тужи за овие дела што се прават без нејзина согласност.

Од почит кон вас како куќа на кошарката и кон одлуките на УО на МКФ, како клуб сме и секогаш ќе бидеме согласни да се почитуваат сите одлуки, за доброто на кошарката.

Соодветно на одлуките на УО на МКФ, ние како клуб ќе бараме и ќе стоиме стриктно зад тоа секоја сала да ги исполнува истите услови како нашата. Доколку увидиме и најмал недостаток, нема да го одиграме натпреварот се додека не се исполнат условите.

Ве молиме и очекуваме да бидете ригорозни и прецизни во спроведување на одлуките кои што вие како органи на МКФ ги донесовте, на ист начин како што го барате тоа од нашиот клуб, КК Шкупи.“