ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Шкупи остана без Американците, двајцата заминаа во БиХ

Шкупи остана без Американците, двајцата заминаа во БиХ

сподели

Американските интернационалци од Шкупи, Тај Хери и Џозеф Тејлор ќе ги продолжат кариерите во босанското првенство. Тие се нови членови на Слобода Тузла со која веќе почнале да тренираат.

Во Шкупи тие играа во првата половина од сезоната и беа најдобри во тимот заедно со Муојеке кој се повреди во последното коло и замина на лекување во САД. На 11 натпревари во македонското првенство, Херис просечно постигнуваше по 19,8, а Тејлор по 20,6 поени.

Ова е голем удар за амбициите на Шкупи кого за една недела го очекува првиот меч од продолжението на сезоната против Пелистер на домашен терен. Дотогаш раководството мора да најде соодветно решение.