ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Шкупи не плати, службен пораз од Пелистер

Шкупи не плати, службен пораз од Пелистер

сподели
фото: KB Shkupi

Чаирскиот прволигаш не го испочитува рокот за плаќање на котизацијата и нема право на настап во петтото коло од Првата лига.

Крајниот рок за уплата на преостанатите средства беше 1 ноември, последната рата ја немаа платено пет клуба, но другите четири ги подмирија долговите навреме.

Поради казната, Шкупи доживеа службен пораз од Пелистер кој требаше да му биде противник викендов.

Аплицирајте веднаш за

Чаирчани се соочија со големи проблеми оваа сезона. Право на настап во Првата лига добија на десетина дена пред стартот на првенството, а тимот и ден денес не е комплетиран.

Како последица на тоа, во минатото коло доживеа рекорден пораз од Блокотехна со 81 поен разлика.