ПОЧЕТНА Во позадина Шкупи за влакно избегна човечка трагедија

Шкупи за влакно избегна човечка трагедија

сподели

Патувањето кон Гевгелија можеше да биде кобно за екипата на Шкупи. Чаирчани гостуваа кај Блокотехна во 14. коло од Првата македонска кошаркарска лига, а на патот натаму доживеаја сообраќајка.

За среќа, без поголеми последици бидејќи во моментот немало возила од спротивната коловозна лента.

„Во близина на Удово ни пукна гума од комбето, возачот за момент загуби контрола и за малку ќе се превртевме. Се спасивме поради тоа што немаше возила од спротивната страна, па можеше да маневрира, инаку целата ситуација веројатно кобно ќе завршеше. Само една минута подоцна кон нас поминаа пет шлепери.

Аплицирајте веднаш за

Возачот заслужува честитки, беше мошне присебен иако комбето загуби рамнотежа и околу 100 метри возеше на две тркала. Тој успеа да го стабилизира и да го запре, а откако ја замени гумата, го продолживме патот”, изјави за basketball.mk, тренерот на Шкупи, Енвер Мифтари.

Чаирскиот тим загуби од Блокотехна со 88:103, но сето тоа остана во сенка на несреќата која помина само со материјална штета.

фото: КК Шкупи