ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Шкупи без повредениот Муојеке до крајот на сезоната

Шкупи без повредениот Муојеке до крајот на сезоната

сподели
Афам Муојеке (15) на натпреварот против Карпош Соколи

Афам Муојеке до крајот на сезоната нема да се врати во тимот на Шкупи. Американецот со нигериско потекло ги скина лигаментите на коленото на дуелот против Кожув во последното есенско коло од Првата кошаркарска лига.

Од клубот инсистираат тој да оди во САД на операција и тој пред крајот на годината ќе ја напушти Македонија. Тоа е голем хендикеп за тимот на Шкупи бидејќи Муојеке беше најдобар поединец во составот на Енвер Мифтари. Токму по неговото доаѓање екипата од Чаир ги оствари единствените две победи во есенската полусезона, против Карпош Соколи на домашен терен и Струмица на гости.

Дали Шкупи ќе ангажира замена за Муојеке ќе се знае по новогодишните празници.