ПОЧЕТНА Младински школи Школата на МЗТ Скопје се „збратими“ со Ландштеде

Школата на МЗТ Скопје се „збратими“ со Ландштеде

сподели

Младинската школа на МЗТ Скопје е исклучително активна последните месеци. По соработката со Работнички и неколкуте кампови и гостувања во зимскиот период, првите луѓе на школата отидоа малку подалеку и договорија заедничка работа со една од најпознатите академии во Холандија, Ландштеде од градот Цволе.

„Како почеток на оваа соработката, 25 кошаркари на МЗТ Скопје од генерациите играчи родени 2003, 2004 и 2005 година ќе бидат гости во Цволе во периодот 5 до 9 март оваа година. Во овие 5 денови, секоја генерација ќе одигра по 3 натпревари, а ќе се одржат и заеднички тренинзи на нашите кошаркари со нивните домаќини од Холандија. 

Предвидено е во еден од овие денови, нашите членови да ја посетат и наставата во спортската академија, како и полудневно патување до Амстердам, но и посета на првенствениот натпревар на домашната екипа Ландштеде Цволе, која е вицешампион на својата земја, а за која настапува и поранешниот кошаркар на МЗТ Скопје, Ноа Далман.

Спортската академија Ландштеде располага со ултрамодерна сала со 7 кошаркарски терени, две теретани и останати придружни објекти (кафетерија, ресторан, конференциски сали), изградена и пуштена во употреба во 2012 година“, објави МЗТ Скопје.