ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Шефе, дај да го зееме и него. Чекај да видам за кого...

Шефе, дај да го зееме и него. Чекај да видам за кого збориш?

сподели

Перо Антиќ беше на радарот на двајца од тренерите кои што се во стручниот штаб на нашата најтрофејна екипа, на хуманитарниот меч што се одигра во Градски парк.

Сите граѓани кои сакаат, можат да донираат на жиро сметката 320500027414994 Централна Кооперативна Банка АД Скопје, со назнака донација за Ирена Танчева, како и на телефонските броеви 070143115 (Т-Мобиле) и 143500 (ВИП/Оне). Ирена е мајка на две деца и мора да се оперира во Русија.

Аплицирајте веднаш за

Првиот тренер Марин Докузовски и помошникот Александар Јончевски, се загледаа кон половината на теренот каде што се загреваше нашиот најдобар кошаркар последниве години, кој што играше и во НБА лигата.

Знаеме дека Марин и Перо се добри пријатели, Антиќ почна да игра кошарка во Работнички. Знаеме и дека Јончевски е одличен другар, со поранешниот капитен на нашата репрезентација.

Знаеме и дека позата на насловната фотографија е случајна, односно дека Марин и Александар се подготвуваат за вечното дерби в понеделник, во Јане Сандански против МЗТ Скопје Аеродром.

Сепак, за момент се запрашавме: Што ако Перо повторно заигра (официјално не е во пензија) и што ако тоа се случи во дресот на натрофејниот колектив во Македонија (не се исклучени и другите екипи)?