ПОЧЕТНА НБА Шампионот почна со стил, Бостон убедливо против Филаделфија

Шампионот почна со стил, Бостон убедливо против Филаделфија

сподели
nba.com

Стеф Кари постигна 32 поена со 9 асистенции и 8 скока, а Кевин Дјурант додаде 27 поени со 8 скока и 6 асистенции, во мечот на кој што му претходеше традиционалната церемонија за додлеувањето на прстените за првакот.

Голден Стејт победи против Оклахома Сити со 108:100, во првиот натпревар од новата сезона, во која што Вориорс ќе атакуваат на третата титула во низа. Расел Вестбрук не играше за гостите, поради повреда го пропушта стартот на сезоната.

Аплицирајте веднаш за

Во претходниот во вечерта со два натпревара, мечот што беше отворање на сезоната, Бостон славеше против Филаделфија со 105:87 и покрај лошата реализација од поле, што е резултат на улежаноста во текот на летото.

Кајри Ирвинг и Гордон Хејворд се вратија по повредите минатата сезона, а Џејсон Татум постигна 23 поени во победата на најтрофејната НБА франшиза.