ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Шампионот повторно убедлив

Шампионот повторно убедлив

сподели
фото: mztskopjeaerodrom.mk

Втора убедлива победа за МЗТ Скопје во домашното првенство во само три дена. По Шкупи, настрада Струмица која во “Јане Сандански” е совладана со 96:54.

Гостите парираа само во првата четвртина во која резултатот беше 23:18. Во вториот период шампионот додаде гас, на полувреме замина со убедливи 52:27 и продолжението го искористи за воигрување на тимот.

Повторно најголема минутажа имаше Андреј Настовски, но за разлика од мечот со Шкупи, сега заврши со само три поени. Најефикасен беша Бојан Трајковски со 17 поени, а во листата на стрелците не се запиша само младиот Дамјан Миса.

Во тимот на Струмица, Арсоски постигна 13 поени.