ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Шампионот на +50 во Охрид

Шампионот на +50 во Охрид

сподели
фото: ohridnews.com

Каков старт на сезоната на бранителот на титулата Работнички. Шампионот беше фаворит пред дуелот со АВ Охрид, но кој би помислил дека ќе победи со 50 разлика (44:94) на гостувањето во “Билјанини извори”.

Како Марин Докузовски да сакаше да види колкав е максималниот потенцијал на неговите кошаркари на стартот од новото првенство.

Аплицирајте веднаш за

Не играше најискусниот, Ѓорѓи Чековски, но неговото отсуство воопшто не се почувствува. Одлично отвори Кирил Николовски кој во првата четвртина постигна 13 поени вклучувајќи три тројки од пет обиди. Кога тој подзастана, продолжи Чавдар Костов, па Бојан Крстевски, Виктор Ефремовски итн.

На полувреме беше +21 (43:22), но гостинските кошаркари продолжија да мелат и во продолжение. Дури и кога во игра влегоа помладите кошаркари, разликата не се намали, туку одеше нагоре.

Меѓу стрелците се запишаа сите кошаркари на Работнички, но ниеден не постигна повеќе од 16 поени. Најефикасен беше Николовски кој во второто полувреме малку време помина на теренот.

Кај АВ Охрид, кој во новата сезона влезе со значително подмладен состав, само Кевин Хил беше на ниво остварувајќи дабл-дабл со 10 поени и 10 скока.