ПОЧЕТНА Во позадина Чудо од Шпанија – 13-годишно дете постигна 50 поени и 37 скока!

Чудо од Шпанија – 13-годишно дете постигна 50 поени и 37 скока!

сподели

Стартот на завршниот турнир во пионерска конкуренција во Шпанија донесе учинок кој ретко, многу ретко се гледа на кошаркарските терени.

Јусуф Траоре, 13-годишен, 204 сантиметри висок играч на Ла Сале Лагуна Канарија на мечот против Сант Жосеп постигна 50 поени и 37 скока, надополнети со 7 блокади за индекс 84. Неговиот тим победи со 85:56, тој постигна речиси исто поени колку цела противничка екипа.

Младиот кошаркар сега е топ-тема во шпанската кошаркарска јавност, за него веќе се заинтересирале сите гиганти од оваа земја, како и најдобрите светски менаџери.

Сличен ефект како Траоре пред 18 години оствари Предраг Самарџиски на кадетското првенство на Македонија. Како член на Водњански лисици, тогаш 15-годишниот центар, во полуфиналето против Работнички постигна 63 поени, само што тогаш не се водеше целосна статистика, немаше точен број на скокови, па нема ни информација дали можеби нашиот кошаркар бил, можеби и подобар од Траоре.