ПОЧЕТНА Евролига Четири олд-скул пресметки, победите останаа кај домаќините

Четири олд-скул пресметки, победите останаа кај домаќините

сподели
euroleague.net

Екипата на Фенербахче славеше против Олимпијакос и остана непоразена на домашен терен сезонава, по триумфот со 90:75, што беше реприза на финалето 2017-та.

Грин постигна 17 поени за победникот, Тима 14 за гостите. Турскиот претставник има 18/2 и води на табелата, а Пирејците имаат 12/8 и се на петтата позиција.

Шампионот Реал во Мадрид го совлада Анадолу Ефес со 92:84, клучниот исчекор беше направен во последните три минути, откако претходно резултатот беше постојано изедначен.

Ентони Рендолф покажа колку му значи на Реал со 24-те поени, Серхио Љуљ имаше 19 за победникот, а Василије Мициќ имаше 21 кај поразените.

Макаби се радуваше против Панатинаикос со 84:75, најдобри поединци кај домашната екипа беа Калојаро со 20 поени и 11 скока, односно Вилбекин со 13 поени.

Армани победи во Милано со 80:70 против Жалгирис, Мајк Џејмс е алфа и омега сезонава кај манекените. Американецот имаше 20 поени со 9 асистенции и со 4 украдени топки. Кај Жалгирис се истакна Волтерс со 17 поени.