ПОЧЕТНА Евролига Четири возбудливи евролигашки натпревари, секој од свој аспект

Четири возбудливи евролигашки натпревари, секој од свој аспект

сподели
euroleague.net

Олимпијакос не им дозволи на Шпанците да се радуваат, иако водеа во текот на целиот натпревар. Папаниколау со тројка на 3 секунди до крајот на регуларниот дел и со вкупни 22 поена ги водеше Грците прво до продолжение, а потоа и до победата против Басконија 91:87. Ледеј имаше 23 поени за победникот, Вилдоза имаше 19 поени за гостите.

euroleague.net

Шпанскиот двобој заврши со победа на Кралската екипа, исто така со пресврт, за конечни 67:75 по двоцифрената негатива во второто полувреме. Реал има 13/4 и останува на втората позиција на табелата, а Гран Канарија има 6 порази и 11 победи. Серхио Љуљ ги предводеше гостите со 16 поени, Оливер и Баез имаа по 12 за домашните.

euroleague.net

Химки му го нанесе вториот пораз во низа на лидерот на табелата, втор во продолженија, откако во турското првенство против Фенер се радуваше Банвит. Русите славеа со 84:78 (72:72), што е нивна прва победа против актуелниот финалист на Евролига, во скоро 6 години, а воедно и ја прекинаа низата од 12 победи што е клупски рекорд на противникот.

euroleague.net

Анадолу во Каунас му одржа лекција по одбрана на учесникот на последниот фајнал-фор, победи со 58:79, но само ја разбуди домашната публика која што не ја остава својата екипа дури и во поразите. Моерман беше најдобар стрелец кај Ефес со (личен рекорд) 23 поени, Григонус со 9 беше прв стралец на Жалгирис.