ПОЧЕТНА А Репрезентација ЧЕТВРТ ВЕК ЈУБИЛЕЈ: Никој како тебе друг!!!

ЧЕТВРТ ВЕК ЈУБИЛЕЈ: Никој како тебе друг!!!

сподели
mkf.mk

Нема личност која што подолго и поконтинуирано постои во македонската кошарка, што асоцира на канцеларијата на МКФ и што повеќе ја сака или ја дише кошарката.

Кога на човек, кој што се занимава со кошарка кај нас, ќе му падне на памет телефонскиот број или просториите во кои што беше (пре)сместувана Федерацијата, не може а да не помисли на гласот и на ликот на Соња Спасовска.

Таа се уште е тука, и ќе биде присутна се додека може.

„Без неа Македонската кошаркарска федерација немаше да биде иста. Четвртина век од својот живот Соња Спасовска и посвети на кошарката во Македонија. Лојална, верна и посветенa на својата работа.

Македонската кошаркарска федерација одбележа 25 години работа во МКФ на техничкиот секретар и се надева дека овој јубилеј нема да е последен на вработените!

Една и единствена!“ – напишаа колегите од канцеларијата на МКФ.

Петар Наумоски (претседател), Соња Спасовска (технички секретар), Моника Гаврилоска (генерален секретар) и Владимир Темелковски (спортски директор) – фото: mkf.mk
Аплицирајте веднаш за

На јубилејот, не остана рамнодушен и предводникот на МКФ, Петар Наумоски, кој што на прашањето како би ја опишал Спасовска во неколку реда, ја покажа својата длабока емотивна страна.

„Соња е мајката на Федерацијата и вистинскиот столб на оваа организација. Од искуството во изминативе 3.5 години, можам тоа со сигурност да го потврдам и навистина ми е чест и големо задоволство што ја запознав, што соработувам со неа и што оваа сега многу стабилна Федерација, ќе ја има оваа мајка се до нејзиното заслужено заминување во пензија.

Уште еднаш едно ГОЛЕМО БЛАГОДАРАМ во мое име и во името на целиот управен одбор, за стабилноста, успешноста и верноста што ја красат Соња Спасовска во исвршувањето на нејзините обврски во МКФ.“ – рече Наумоски.

Нам, како единствениот кошаркарски медиум во моментов кај нас, ни останува исто така да и се заблагодариме за се што стори(ла) за кошарката и да и посакаме на Соња Спасовска уште многу, многу години поминати на истото место!