ПОЧЕТНА Европски лиги Чанак беше без работа само шест дена

Чанак беше без работа само шест дена

сподели

Партизан првпат во историјата ќе има странски тренер на клупата, а претходникот на Андреа Тринкјери веќе си најде нова работа.

Шест дена откако поднесе оставка на својата функција, Ненад Чанак се договори со литванскиот прволигаш Лиеткабелис. Трансферот го потврди неговиот менаџер Мишко Ражнатовиќ, но и клубот кој се натпреварува во Лигата на шампионите на ФИБА.

Аплицирајте веднаш за

Во своите редови Лиеткабелис го има поранешниот плејмејкер на Партизан, Џамар Вилсон, како и хрватскиот репрезентативец и некогашен член на Карпош Соколи и МЗТ Скопје, Доминик Мавра.

Ненад Чанак поднесе оставка на 26 октомври по поразот на Партизан од Задар на домашен терен во АБА лигата. Тоа беше петти пораз по ред за најтрофејниот српски клуб.