ПОЧЕТНА Куп на РМ Чавдар Костов – МВП на финалето!

Чавдар Костов – МВП на финалето!

сподели

Бугарскиот репрезентативец и еден од најдобрите странци кои играле во македонското првенство сосема заслужено го понесе најласкавото индивидуално признание во завршниот меч од Купот на Македонија.

Чавдар Костов беше особено инспириран во третата четвртина кога Работнички го направи резултатскиот пресврт и постигна три тројки кои му донесоа предност од осум разлика на неговиот тим.

Сите 40 минути ги помина на паркетот и заврши со 25 поени (6/10 за три, 3/4 за два поена, 1/1 од линијата за слободни фрлања), плус 11 скока и четири асистенции за вкупен индекс 36 што е речиси неверојатно за еден финален натпревар.