ПОЧЕТНА Евролига ЦСКА со пресврт, Барса конечно тргна

ЦСКА со пресврт, Барса конечно тргна

сподели

Дури и кога не игра најдобро, рускиот шампион наоѓа начин како да победува во Евролигата.

Најдобар доказ за тоа е натпреварот против Дарушафака во кој ЦСКА повторно многу осцилираше, но на крајот победи со 79:75. Одигра една одлична четвртина и со тоа го реши прашањето околу победникот.

Аплицирајте веднаш за

Турскиот тим го диктираше темпото во првото полувреме кое го заврши со предност од седум поени (31:38), но не го издржа своето темпо до крај. Во третиот период се разиграа домаќините, постигнаа 26, а примија 10 поени и целосно го свртеа натпреварот во своја корист.

Дарушафака не се предаде, во финишот се доближи на само три поени негатива (75:72), но не најде начин да го зададе конечниот удар.

Хигинс со 14 поени беше најефикасен кај ЦСКА, Курбанов постигна 13, а Родригес 11. Кид ја предводеше Дарушафака со 15 поени, Мекалумс заврши со 13.

Барселона дури во третото коло ја оствари првата победа оваа езона во Евролигата. Во Блауграна падна Баерн со 83:73.

Барса почна со 24:8, германскиот првак на почетокот од второто полувреме се доближи на 44:40, но на крајот од третиот период беше 65:54 за домашниот тим. Конечниот удар го зададоа Блажиќ и Ориола кои заедно постигнаа десет поени во финишот за 74:60 на пет минути пред крајот.

Томиќ постигна 18 поени, Синглтон 15, а Пангос 12. Кај Баерн, Лучиќ беше најефикасен со 12 поени.