ПОЧЕТНА Европски лиги ЦСКА најде плејмејкер, оди ли Теодосиќ во НБА?

ЦСКА најде плејмејкер, оди ли Теодосиќ во НБА?

сподели

Францускиот репрезентативец Лео Вестерман треба да биде првото засилување за ЦСКА Москва за новата сезона, тврдат руските медиуми.

Според нив, трансферот од Жалгирис треба да биде реализиран по завршувањето на финалната серија во ВТБ лигата каде ЦСКА игра против Химки и веќе води со 2:0. Оваа сезона, Вестерман просечно постигнуваше по 6,7 поени, 2,8 скок и 3,9 асистенции во литванското првенство и 8,2 поени, 3,2 скока и 5,5 асистенции во Евролигата.

Сепак, многу веројатниот трансфер на Вестерман во ЦСКА отвора една друга димензија во светот на кошарката.

Аплицирајте веднаш за

Неговото доаѓање во Москва најверојатно ќе значи заминување на првиот плејмејкер во тимот Милош Теодосиќ за кого последните месеци засилено се шпекулира дека кариерата ќе ја продолжи во НБА лигата. Тој досега умешно го криеше одговорот на ова прашање, но изгледа дека ЦСКА и Вестерман несакајќи го изнесоа во јавноста.

Како и да е, судбината на Теодосиќ ќе се знае најрано пред крајот на овој месец. Понуди на негова адреса, наводно, веќе пристигнале од Јута Џез и Мајами Хит.