ЦСКА Москва немаше проблеми во Блауграна, славеше со 76:84 на гостувањето кај Барселона.
Де Коло имаше 25 поени за победникот, Курбанов имаше 17, 10 имаше Родригез. Кај домашните, најдобар стрелец беше Виктор Клавер со 17 поени.

Баерн Минхен надополни 18 поени негатива и се радуваше на победа против Химки во Москва, со 60:71.
Дерик Вилијамс беше најдобар стрелец за победникот и на мечот, со 20 поени. Германците имаат 10/10, Русите имаат 7/13.

Дарушафака ја оствари само третата победа сезонава, со 80:75 против Басконија.
Шпанците си го го загорчија животот со овој пораз, затоа што паднаа на 9/11 и го делат осмото место што последно води во плеј-офот, со Армани и со Макаби.

Будуќност е најчудната екипа во Евролига, сезонава, победи трет пат по ред, сега против Гран Канарија со 75:70. Црногорците имаат 6/14, колку што има и шпанската екипа, двете бегаат од дното. Норис Кол го предводеше победникот со 20 поени.
На табелата, лидер е Фенербахче, пред Реал Мадрид, ЦСКА Москва и Анадолу Ефес. Следуваат Олимпијакос, Барселона и Баерн Минхен, односно споменатата тројка на 8-та позиција.