ПОЧЕТНА Некатегоризирана ЦСКА ги преслуша кралевите, Олимпијакос го уништи шампионот, Барса не може ниту...

ЦСКА ги преслуша кралевите, Олимпијакос го уништи шампионот, Барса не може ниту со Манекените

сподели
euroleague.net

Лидерот не и дозволи на најтрофејната екипа да се радува на теренот во Москва, ЦСКА славеше со 93:87 во класиката против Реал. Русите се зацврстија на врвот со 17/4, шпанската екипа падна на 13/8.

Мечот беше решен во почетните 7 минути со серија 24:5, а мадриѓаните цела деценија немаат победа на гостувањата на север, во 5 обиди од 2008-та година.

Пирејците немаа милост ниту респект за Обрадовиќ и Фенер, победувајќи со 95:70 за шестата последователна домашна победа во тековната сезона.

Спанулис и Стрелниекс беа несопирливи, имаа по 19 поени со комбинирани 7/7 во ударите за три, домаќинот имаше вкупно 13 тројки во 17 обиди што е нов клупски рекорд и четврто процентуално остварување во историјата на Евролига.

euroleague.net

Даирис Бертанс го победи победничкиот шут на 5.6 секунди до крајот на мечот во „Блауграна“, за победа на Армани Ексчејнџ Милано против Барселона со 81:83.

Олимпија има 2:0 во меѓусебните соочувања сезонава, домаќините испуштија 12 предност од првото полувреме, а двата тима сега имаат скор 7/14 и се во долниот дел на табелата.

euroleague.net

Во другите две соочувања во рамките на првиот натпреварувачки ден од 21-то коло, Ефес во истанбул си играше мајтап со Валенсија победувајќи со 82:66, односно Жалгирис го преслуша Макаби со 99:84.