ПОЧЕТНА Некатегоризирана Црногорците слават победа на Будуќност против Звезда!

Црногорците слават победа на Будуќност против Звезда!

сподели

Бурната расправа на Собранието на АБА лигата во Бања Лука не донесе проширување на јадранската елитна дивизија, но засега е јасно дека ќе има ново раководството на оваа организација.

Директорот Крешимир Новосел и спортскиот директор Жарко Чабаркапа не добија доверба, па во јуни ќе се бираат нови челници кои ќе ја водат лигата. Овој сегмент од собранието црногорските медиуми го објавија како победа на претседателот на Будуќност, Драган Бокан над својот колега од Звезда, Небојша Човиќ.

„По првата рунда води Будуќност бидејќи барањето на најтрофејниот црногорски клуб да се смени досегашното раководство е прифатен.

Клубовите, кои се сопственици на лигата, не им изгласаа доверба на Новосел и Чабаркапа и на следната седница ќе се бира нов менаџмент. Покрај тоа, не е усвоен ни извештајот за сезоната 2018/19 иако на тоа инсистираше првиот човек на Звезда, Небојша Човиќ. ‘За’ гласале само претставнците на Звезда, ФМП, Цибона и Игокеа“, пишува весникот Вијести во својот извештај од седницата.

Бокан не го дочека крајот на Собранието бидејќи си заминал, наводно поради незадоволство од паричната казна од 10 илјади евра што му беше изречена.