ПОЧЕТНА Куп на РМ „Црвено-црна“ доминација во Купот на Македонија

„Црвено-црна“ доминација во Купот на Македонија

сподели
фото: mkf.mk

Втора година по ред Вардар е освојувач на титулата во македонскиот Куп. Бадел е шампион, но тимот од Кисела Вода не може да најде решение за “црвено-црните” девојки.

Најдобра потврда за тоа е триумфот во мечот за трофејот – 72:50. Вардар ја одбра титулата во Купот, но и најави дека има сили да се бори за двојната круна оваа сезона.

Колку беа кошаркарките на Срѓан Дамјановски подготвени за борба за пехарот најдобро потврдува почетокот од финалниот меч. Вардар почна со 8:0, по пет минути игра водеше со 15:4, а на крајот од првата четвртина беше 23:10.

Аплицирајте веднаш за

Бадел успеа да се симне на едноцифрена негатива дури на три минути пред крајот на втората четвртина (20:29), но тоа кратко траеше.

Вардар ја одржуваше високата предност, а точка на натпреварот стави на почетокот од последниот период кога со серија од 7:0 поведе со 62:41.

Славица Наков-Едина Муса беше тандемот што му ја донесе победата на Вардар иако сите кошаркарки го дадоа својот максимум. Наков беше прогласена за најдобар стрелец, а Муса за МВП на финалниот меч.