ПОЧЕТНА Избор на уредникот ЦИЦ ИГРА ФЕР: Ако се изгласа недоверба, ќе се кандидирам!

ЦИЦ ИГРА ФЕР: Ако се изгласа недоверба, ќе се кандидирам!

сподели
Зоран Дамјановски Циц (стои), поранешниот прв човек на градот и на КК Куманово.

Некогашниот прв човек на градот и на кошаркарскиот клуб „Куманово“ има амбиции да се пријави на листата со имиња што би го наследиле Петар Наумоски, но само ако клубовите се изјаснат дека не го сакаат актуелниот претседател на МКФ.

Тоа значи дека големиот спортсмен Зоран Дамјановски, кој што беше таков додека беше инволвиран во спортот, останува и понатаму со фер-плеј дух и им го остава мегданот на Наумоски и најавениот противкандидат Владо Илиевски, чесно и коректно да си ги испитаат силите.

„Ќе почекам да видам што ќе се случува на собранието на кое што ќе му се гласа доверба на Наумоски. Дури потоа, ако видам дека клубовите не го сакаат Пеце, ќе ја поднесам мојата кандидатура.

Сакам јавноста да има в предвид едно нешто. Ние не бираме селски кмет и не сакам да брзам. Ако видам дека има расположение за смена на Наумоски, ќе ја презентирам мојата визија за кошарката во Македонија.

Не сакам да се повтори истата грешка од минатото, мора да размислуваме за развој на кошарката и за доброто на овој македонски спорт, кој што во минатото не репрезентираше и повеќе од достојно.“ – изјави Дамјановски, за basketball.mk.

Пред извесно време, basketball.mk објави дека во игра е и трет кандидат, што би им создало немир на Наумоски и на Илиевски, кои што освен што ќе треба(ше) да се борат меѓу себе, ќе треба(ше) да внимаваат и од зад грб.

Аплицирајте веднаш за

Се споменуваше Циц и претходно, потоа еден поранешен кошаркар од Куманово кој што наводно одбил да биде инволвиран, со што сега повторно на сцена би се појавил поранешниот градоначалник на нашиот најсеверен кошаркарски град.