ПОЧЕТНА АБА Целата убавина на АБА лигата

Целата убавина на АБА лигата

сподели

Нема многу првенства низ светот каде последнопласираниот тим на табелата може да го победи актуелниот шампион.

Тоа се случи во АБА лигата каде повратникот во оваа конкуренција Крка го победи Будуќност со 69:64 и само му ја продлабочи кризата во која се наоѓа оваа сезона. Тоа е само четврта победа за словенечкиот тим кој сега има ист број бодови како Олимпија, Задар, Игокеа и Морнар, еден помалку од ФМП и Цибона и два од Партизан.

Сето ова зборува за израмнетоста на АБА лигата каде единствено се истакнува Црвена Звезда, екипа со максимален ефект – 12 победи на 12 натпревари.

Сензационалната победа на Крка беше најавена во првата четвртина која домаќинот ја доби со неверојатни 18:5. На полувреме беше +15 (34:19), а и по три четвртини Будуќност не успеа посериозно да се доближи. Сепак, на крајот одлучи катастрофалниот процент на погодени слободни фрлања на актуелниот АБА шампион (20/35), но и лошиот пристап на кошаркарите на Александар Ѓикиќ.

Лука Лапорник со 12 поени беше најефикасен кај Крка, а Џапа, Осолник и Балажиќ постигнаа по 10. Кај Будуќност, Поповиќ постигна 16 поени. Да биде уште полошо, црногорскиот тим во следното коло гостува кај лидерот Звезда и тоа првпат по финалето од АБА лигата минатата сезона.