ПОЧЕТНА АБА Цедевита никако да запали

Цедевита никако да запали

сподели

По дебаклот од Црвена Звезда во Супер купот, хрватскиот шампион со пораз го почна и првенството во АБА лигата.

Пред своите навивачи загуби од Партизан со 84:87 иако по првото полувреме изгледаше дека Цедевита ќе доживее дебакл. “Црно-белите” одиграа беспрекорни 20 минути, ги искористија сите слабости на противникот и на полувреме имаа 21 поен разлика (53:32).

Но, во вториот дел немаше многу од таа игра на Партизан. Цедевита брзо направи серија од 10:0 и ја врати неизвесноста за во на средина од последниот период да се доближи на само два поени негатива (76:78).

Аплицирајте веднаш за

Домаќините имаа и напад за израмнување или водство, но еден од најдобрите играчи на Партизан, Загорац добро реагираше во одбраната по што погоди едно слободно фрлање за +3 на својот тим. На 50 секунди пред крајот беше 78:79, но повторно се најде Загорац да погоди тројка и да го реши прашањето околу победникот.

Вања Маринковиќ беше најефикасен на теренот со 25 поени, Загорац заврши со 12 поени и седум скока, а Гагиќ со 13 поени и осум скока.

Кај Цедевита, која во текот на летото значително се засили, но уште не игра на посакуваното ниво, Бел и Кобс беа први стрелци со по 19 поени.