ПОЧЕТНА Интернационалци Хувентуд тргна со пораз, Нено меѓу најдобрите

Хувентуд тргна со пораз, Нено меѓу најдобрите

сподели

Поранешниот европски шампион загуби во својот прв натпревар од новата сезона во шпанското првенство.

Подобра од Хувентуд беше Андора која славеше со 65:75. Ова беше меч од второто коло, но екипата од Бадалона не играше во првото затоа што се појавија технички проблеми на теренот на Бреоган.

Аплицирајте веднаш за

За домаќините настапи и македонскиот интернационалец Нено Димитријевиќ кој беше меѓу подобрите во својата екипа.

За само 11 минути на теренот, тој постигна седум поени, три скока и две асистенции за индекс 9, трет највисок во тимот на Хувентуд.