ПОЧЕТНА Интернационалци Хувентуд и Нено, играат различно од минатата сезона

Хувентуд и Нено, играат различно од минатата сезона

сподели
фото: Хувентуд

Некогашниот европски шампион и македонскиот репрезентативец, имаат две победи по 4 одиграни меча во АЦБ лигата, со триумфот против Сан Себастијан (88:64).

Сезонава е тотално спротивна во споредба со минатата, затоа што составот од Бадалона сега е на средината на табелата и гледа кон врвот, а лани спасуваше опстанок во последните натпревари.

Нашиот плејмејкер имаше учинок 11 поени за 15 минути, што е продолжување на одличните настапи за 20 годишниот македонски кошаркар. Ненад Димитријевиќ беше зад Шон Досон кој што имаше 14 поени и Конор Морган, кој што постигна 13 поени.

Аплицирајте веднаш за

Хувентуд е на осмата позиција на табелата во шпанската лига, со послаб учинок само од лидерите Барселона и Реал Мадрид (4/0), односно Уникаха (4/1), Басконија (3/1) и Тенерифе (3/2). Валенсија има идентични 2/2.

Во следните две кола, зелените ќе се соочат со Бреоган и со Барселона, на гостински терен.