ПОЧЕТНА Европски првенства Хрватските кадети доминираат во Европа

Хрватските кадети доминираат во Европа

сподели

“Коцкестите” се нови континентални владетели во кадетска конкуренција.

Во големото финале во Нови Сад, хрватската селекција по голема драма славеше против Шпанија со 71:70.

Кошот за победа го постигна еден од најдобрите кошаркари на оваа репрезентација Роко Пркачин (син на Никола Пркачин) на пет секунди пред крајот. Шпанците го имаа последниот обид за победа, на секунда пред крајот Кенеди Клемент шутираше, но не успеа да погоди.

Аплицирајте веднаш за

Борис Тисма со 24 поени беше најефикасен во хрватската репрезентација, но Пркачин оствари дабл-дабл со 18 поени и 10 скока. Ектор Алдерете ги предводеше Шпанците со 17 поени.

Бронзениот медал на првенството го освои Турција која во “малото финале” ја совлада Франција со 82:59.