ПОЧЕТНА Избор на уредникот Хрватскиот сојуз преживува македонско сценарио, кој ќе го наследи Скелин?

Хрватскиот сојуз преживува македонско сценарио, кој ќе го наследи Скелин?

сподели
Дино Раѓа, Дарио Шариќ и Стојко Вранковиќ во Лондон, на мечот меѓу Филаделфија и Бостон.

Хрватска се наоѓа пред кошаркарскиот амбис, иако не е се загубено за пласман на следното светско првенство што 2019-та ќе се одигра во Кина.

Дури и да не се пласира на мундијалот, нема да биде ништо страшно затоа што тоа им се случува и на најсилните и на најуспешните репрезентации, но Хрватска си е Хрватска.

Хрватите се независни од 1991-та година, имаат 27 години историја во која што 4 пати беа на ЛОИ и освоија сребро 1992-та, 3 пати беа на СП и освоија бронза 1994-та, 13 пати беа на ЕП и освоија 2 бронзи во 1993-та и 1995-та.

Аплицирајте веднаш за

Во квалификациите за следното СП имаат само една победа, против Холандија и три порази, од кои најмногу боли домашниот во Задар од Романија. Времињата се менуваат, Романците играат кошарка.

Ивица Скелин (FIBA)

Селекторот Ивица Скелин си поднесе оставка, на удар се претседателот на Хрватскиот кошаркарски сојуз, Стојко Вранковиќ и Дино Раѓа, кој што ја извршува функцијата претседател на стручниот совет.

Хрватската јавност бара на клупата на коцкестите расен стратег, во комбинација низ медиумите се Андреа Тринкиери, Велимир Перасовиќ, Јасмин Репеша, Дражен Анзуловиќ и Анте Назор.

Прашањето е кој од нив може и смее со оглед на клупските обврски, а во крајна линија и кој од споменатите сака да седне не клупата која што во моментов е поактивна и од активен вулкан.

Дино Раѓа и Данира Накиќ, претседателите на машкиот и на женскиот стручен совет во ХКС.

Скелин не се снајде во улогата прв стратег, а компромисите што за време на неговото раководење со селекцијата беа направени и аминувани од Вранковиќ и Раѓа, им се препишуваат како грев и ним.

Се смени политиката на радикално подмладување на репрезентацијата, а кога ги нема репрезентативците кои што играат во Евролига и НБА лигата, хрватската селекција игра бедно.

Што е слично во оваа хрватска трагедија, со македонската кошаркарска судбина?

Во хрватските редови, денес играат далеку послаби кошаркари, од некогаш… (фото: FIBA)

Хрватите не можат да ги соберат најдобрите кошаркари. Никој од квалитетните стратези не се нафаќа да го лади жешкиот костен. Раководните функции во сојузот ги имаат некогашни прославени асови.

Резултати нема, салите кога игра хрватската репрезентација се полупразни. Може да се случи ако се последни во групата, а ние први во нашата, да играме заедно во новоформираната група Б за место на следното ЕП.

Одамна не сме биле во исто друштво, од Евробаскет 2015-та, а во квалификациите цела вечност…