ПОЧЕТНА АБА Хрватскиот господин е МВП на клучниот натпревар

Хрватскиот господин е МВП на клучниот натпревар

сподели
фото: МЗТ Скопје/Петр Стојановски

Доведен да игра во големите натпревари на оваа сцена, претивкиот и прескромниот интернационалец од историски пријателската екс-ју република, се покажа како една од најдобрите јадрански инвестиции на МЗТ Скопје.

Во вториот меч со екипата на Спарс, во победата 84:70, Иве Иванов учествуваше со 24 поени од кои 5/9 во ударите за три, реализира и 9 скока, со 5 асистенции и со 3 украдени топки.

druga.aba-liga.com

Хрватот ги погоди сите 4 слободни фрлања, проблем му беше ударот за два поена во кој што имаше 4/11, но тоа беше амортизирано со одличната игра во рекетот, соработката со колегите центри и во пик-енд-ролот.

Иванов имаше само една загубена топка за 38:46 минути поминати на паркетот, а неговата вкупна валоризација е 31, што е двојно поголема од валоризацијата на најблискиот противник (Дурмо – 16) и за 1/3 подобра од корисноста на најблискиот соиграч (Стојановски – 21).