ПОЧЕТНА ФИБА Хрватска има нов селектор

Хрватска има нов селектор

сподели

Под водство на Дражен Анзуловиќ. “коцкестите” ќе се обидат да ја поминат квалификациската фаза за пласман на Светското првенство во 2019 година.

Искусниот стручњак зад себе има неколкугодишно искуство од работа во репрезентацијата бидејќи им беше помошник на Јасмин Репеша и Александар Петровиќ. На клупата ќе го замени Ивица Скелин кој во квалификациите имаше лоши резултати и го доведе националниот тим на раб на елиминација.

Анзуловиќ потпиша тригодишен договор со Хрватскиот кошаркарски сојуз (ХКС).

„За мене ова е голема чест, најмногу што еден тренер може да доживее во кариерата. Ќе се обидам таа чест да им ја пренесам на сите во хрватската кошарка бидејќи само со заеднички сили можеме до целта“, изјави тој.

Аплицирајте веднаш за

Своето деби на новата функција Анзуловиќ ќе го забележи против Италија во Трст на 29 јуни, а три дена подоцна следува и дуел со Романија. На Хрватите им се потребни две победи, но Анзуловиќ на располагање ќе ги има и НБА играчите, како и оние од Евролигата кои не играа во првите два прозорци на ФИБА.