ПОЧЕТНА Светски првенства Хрватите се освестија, Црногорците се враќаат, Словенците немаат шанси

Хрватите се освестија, Црногорците се враќаат, Словенците немаат шанси

сподели
Миро Билан (fiba.basketball)

Хрватска победи против Унгарија со 74:69 и сега има 4/5, со што ги задржа шансите за пласман на СП следната година во Кина. Без НБА ѕвездите во составот, најдобри поединци беа Миро Билан со 22 поена и 14 скока и Домагој Бошњак со 17 поени.

Група Ј (Wikipedia)

Италијанците се зацврстија на втората позиција во групата, славеа со 70:65 во дуелот со Литванците, кои што го претрпеа првиот пораз во овој квалификациски циклус. Полска убедливо победи кај Холандија со 78:105 и има една победа повеќе од Хрватска.

Италија (fiba.basketball)

Литванците со 8/1 се пласирани, Италија е блиску до пласман со 7/2, а Хрватите в недела ќе бараат победа на гостувањето во Литванија, со цел да останат во игра за третата позиција во групата, што последна води на кошаркарскиот мундијал 2019.

Група И (Wikipedia)
Аплицирајте веднаш за

Црногорците победија на гостувањето кај Летонците и се доближија кон пласман на СП, со триумфот 75:84. Украина ја победи Словенија со 82:54 и ја елиминира од конкуренција, Турција ја совлада Шпанија со 71:67 за првата позиција во групата.