ПОЧЕТНА Некатегоризирана Хорфорд го погоди победничкиот шут, но Бостон потоа замолкна поради „трагедијата“

Хорфорд го погоди победничкиот шут, но Бостон потоа замолкна поради „трагедијата“

сподели
Bleacherreport

Ал Хорфорд беше прецизен на истекот на времето за конечните 97:96 за Бостон против Портланд во „ТД Гарден“.

Тој постигна 22 поена, 10 скока и 5 асистенции за 4-та редоследна победа на Селтикс, но сето ова на крајот се покажа недоволно за вкупно задоволство на љубителите на спортот во престолнината на Масачусетс.

Хорфорд им даде на истомислениците причина за радост и повеќе време да стигнат дома и да го следат NFL финалето, затоа што со неговиот кош беа избегнати пораз или продолженија.

Сепак, поразот на Њу Ингланд Пејтриотс во финалето на СуперБоулот од Филаделфија Иглс ги натажи затоа што не успеаја да ја освојат 6-та рекордна титула.