ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Хераклеа се реактивира

Хераклеа се реактивира

сподели

Македонската кошарка добива нов субјект, на сцената се враќа уште еден кошаркарски клуб, во Битола.

Нашата публика треба да ја радува што вториот најголем град во Македонија, ќе добие уште една екипа и ќе има ново (потенцијално) локално кошаркарско ривалство, како што веќе има има во Гевгелија или во Скопје.

Аплицирајте веднаш за

Еден од актерите кои што се директно инволвирани во оваа приказна, е поранешниот кошаркар Зоран Петковски, кој што е родум од Битола и кој што отсекогаш несебично се залагал за развојот на кошарката во овој град.

„Клубот го реактивира поранесниот тренер на Пелистер и Радовиш, Никола Николовски.

Цел на клубот е да им се даде шанса на младите играчи кои што завршиле во школите, а притоа не успеале да обезбедат место во Пелистер или во некој друг клуб.“ – рече Петковски.

Петковски (40) ја почна кариерата во Пелистер, потоа играше во Куманово, Вардар, МЗТ Скопје, Соколи, повторно Пелистер и во Радовиш.

Тренерската кариера ја почна во Пелистер и според неговите зборови, не планира да се откаже од титулата стратег.

„Ќе се натпреваруваме во Втора лига, котизација е веќе платена, а јас ќе се активирам со цел да им помогнам на тренерот, на играчите и на клубот, да застанеме на здрави нозе.

Инаку, тренерската кариера сепак ми е приоритет.“ – изјави Петковски, за basketball.mk.