ПОЧЕТНА АБА Хелиос го виде најдоброто од Бојиќ

Хелиос го виде најдоброто од Бојиќ

сподели

Трета победа по ред за македонскиот вицешампион во АБА 2 лигата за зацврстување на втората позиција и продолжување на притисокот кон лидерот Приморска.

Радува тоа што ова е втор триумф во низа на гостински терен, остварен против словенечкиот тим Хелиос со 73:92. Иако без четворица стандардни кошаркари, МЗТ Скопје одигра одлично во одбраната, уште подобро во нападот, постигна 14 тројки и заслужено им се израдува на бодовите.

Аплицирајте веднаш за

Победата ја најави во првото полувреме во кое создаде предност од 12 поени разлика, а ја запечати во последните 10 минути откако претходно Хелиос се закани дека може да направи пресврт.

Отсуството на четворицата наши кошаркари го надополни фантастичниот Андрија Бојиќ кој го одигра својот најдобар натпревар оваа сезона. Постигна 35 поени и 11 скока, реализира четири тројки од седум шута, имаше и две блокади и заврши со индекс 35.

Тренерот Ѓорѓи Кочов го одигра натпреварот со само шестмина играчи, но секој од нив го извади максимумот. Единствено Медфорд не постигна двоцифрен број поени, но затоа имаше 10 асистенции.

Во следното коло завршува циклусот од три натпревари на гостински терен на МЗТ Скопје. Противник ќе биде Борац Чачак, уште еден голем предизвик за нашиот вицешампион.