ПОЧЕТНА НБА Хаос во Лејкерс, се повторува историјата за Леброн

Хаос во Лејкерс, се повторува историјата за Леброн

сподели

Веројатно никој не очекуваше дека Лос Анџелес Лејкерс во првата сезона на Леброн Џејмс во тимот ќе биде кандидат за титулата во НБА лигата, но исто така, не можеше да замисли дека вториот најтрофеен тим во историјата ќе има само три победи во првите осум натпревари.

Тоа не и се допаѓа на една од најголемите ѕвезди во лигата, па почнаа сценарија какви што можевме да видиме и во неговите поранешни екипи.

Американските медиуми објавија дека Меџик Џонсон и Лук Волтон имале жестока средба. Меџик урлал на тренерот поради лошата одбрана и неинвентивната игра во нападот, а постои сомнеж дека разговорот бил „инициран“ од Леброн кој не е задоволен од она што се случува во Лејкерс.

Аплицирајте веднаш за

Низ историјата сме биле сведоци дека кога не му оди на тимот чиј член е Џејмс, прва жртва е тренерот. Така беше во Мајами, така беше и во Кливленд. Но, исто така, факт е дека новите екипи на Леброн играат лошо во неговата прва сезона.

Веќе се знае дека Волтон има неколку шанси да ја спаси својата позиција, а ако не успее, Џејсон Кид и Марк Џексон се подготвени да го заменат и тоа токму на инсистирање на Леброн. Тој, пак, во новата сезона влезе одлично, досега има просек од 27,8 поени, 8,6 скока и 8 асистенции по натпревар.