ПОЧЕТНА Евролига Фуриозна последна четвртина на Барса, фото-финишот за Макаби

Фуриозна последна четвртина на Барса, фото-финишот за Макаби

сподели
euroleague.net

Каталонската гордост одигра маестрален последен период и со резултат 18:10 стигна до пресврт на дуелот со Жалгирис, за конечни 78:72. Гостите од Литванија имаа одлична трета четвртина, во која што имаа позитива 15:24.

Ханга имаше 14 поени, го следеа Серафан со 12, Томиќ со 11 и Ертел и Ориола со по 10. Кај поразените, се истакна Милакнис со 17 поени.

euroleague.net

Израелците издржаа и на 4 секунди до крајот со кошот на Скоти Вилбекин, победија со 65:64 против Олимпијакос, иако гостите преку Принтезис го имаа последниот шут на мечот.

Химки ја прекина домашната серија на Будуќност од три победи, со својата втора во низа, со 90:98 во Подгорица. Најдобар поединец кај победникот беше Џордан Мики со 25 поени, а кај црногорската екипа се издвои Норис Кол со 20 поени и со 11 асистенции.

euroleague.net

Анадолу го задржа четвртото место на табелата со победата против Гран Канарија, со 93:74. Крунослав Симон имаше 25 поени за домаќините, Шејн Ларкин му помогна со 18.

Во вториот натпреварувачки ден од 22-то коло ќе гледаме две класики на европската кошарка, се соочуваат ЦСКА Москва и Реал Мадрид, односно Фенербахче и Панатинаикос. Другите два дуела се Басконија – Баерн и Милано – Дарушафака.