ПОЧЕТНА Во позадина (ФОТО) Јокиќ во епизодата „Кога ќе пораснам, ќе бидам Кенгур“

(ФОТО) Јокиќ во епизодата „Кога ќе пораснам, ќе бидам Кенгур“

сподели
фото: mozzartsport.com

До пред три дена го гледавме во полуфиналето на Западната конференција, цела сезона не забавуваше со своите фантастични настапи, сега го „тепа“ времето во родниот Сомбор со другарите од детството.

И тоа на типичен маалски начин, како пресликан од култниот српски филм „Кога ќе пораснам, ќе бидам Кенгур“ – во обложувалница.

Ништо чудно, сезоната за него заврши, тој експресно се врати во татковината за да ги наполни батериите пред да почне со индивидуалните подготовки.

Но, големите ѕвезди секогаш ги гледаме од страна, затоа ни е малку интересно кога Никола Јокиќ седи во обложувалница, со шише пиво пред себе.

Уште да почне да раскажува како му „шитнал“ Југо Кабрио на Леброн Џејмс, што лично му го донел од Крагуевац…