ПОЧЕТНА Во позадина (ФОТО) Тиери Анри како поддршка на Филиповски и Митев

(ФОТО) Тиери Анри како поддршка на Филиповски и Митев

сподели
AS Monaco

На фудбалската и кошаркарската секција на Монако сезонава не им оди најдобро во домашните првенства.

Фудбалскиот тим е на претпоследното место на табелата со 13 поени, а кошаркарскиот тим е 12. со пет победи и пет порази.

Од неодамна, тренер на фудбалерите е француската фудбалска легенда Тиери Анри кој како и играчката, и тренерската кариера ја почна во овој тим. И под негово водство нема драстично подобрување на резултатите, но по двете победи во последните три кола, некои почнаа да гледаат светло на крајот од тунелот.

Аплицирајте веднаш за

Кошаркарскиот тим е нешто подобар, особено на европска сцена. Го обезбеди првото место во групата со Андора, Црвена Звезда, Улм, Бреша и Галатасарај и ќе игра во втората фаза од УЛЕБ Еврокупот.

Натпреварот меѓу Монако и Галатасарај од трибините го следеше Тиери Анри. Дојде да им даде поддршка на Сашо Филиповски, Боби Митев и нивните кошаркари.