ПОЧЕТНА Во позадина ФОТО СТОРИЈА: Убавата страна на кошарката и најубавата страна на животот

ФОТО СТОРИЈА: Убавата страна на кошарката и најубавата страна на животот

сподели

Малку повозрасните љубители на спортот, ќе се присетат дека пред неполни две децении, македонските сали беа исполнети на кошаркарските натпревари, од зори до самрак. Море, до полноќ!

Кошаркарите јадеа ќутек и беа бркани со метли од домарите, затоа што првиве остануваа на тренинзи и по завршувањето на тренинзите, да шутнат уште по една, па таа една се претвораше во илјада, а овие вториве не можеа да си одат дома.

Поновата ни историја ни носи само раскол, задкулисни игри, расправии меѓу чинителите на кошарката, се читаат само наслови во кои што има спортска „содома и гомора“ и статуси на ФБ каде што има „награди“ или нешто гага.

За кошарка, НИКОЈ не сака да чита!!!

Или, не има малку, што навистина ја сакаме. Еве ви неколку фотки, да уживате, во МВП играчот на женското Куп финале 2019 и најдобрата кошаркарка во Македонија, последниве 15-тина години, заедно со нејзината наследничка.

П.С.:

За ова се живее! Ова ни фали по салите! Спортот постои за луѓето што ќе отидат на трибина да се изнасмеат, да се видат со пријателите, да фатат сеир на противникот. А не да плукаат, да пцујат од дното на душата, да си прават приватни забави, да фрлаат што стигнат на паркетите…

Не ви кажуваме како се вика кошаркарката, погодете во коментари на ФБ, можеби ќе добиете награда. 😉