ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ФОТО СТОРИЈА: Кога гледаш беспомошно, како соиграчите гинат

ФОТО СТОРИЈА: Кога гледаш беспомошно, како соиграчите гинат

сподели

Во првата минута од вториот натпревар од финалната серија меѓу Работнички и МЗТ Скопје, се повреди еден од плејмејкерите кои што играат на двата краја на теренот, Димитар Караџовски.

Во контакт со противнички играч, тој го свитка зглобот и неговото стапало беше веднаш бандажирано, а сигналите кои што ги даваше по настанот, јасно укажуваа дека нема да го продолжи натпреварот.

Не му остана ништо друго, освен немо, со поглед да ги следи советите на неговиот тренер, кон неговите соиграчи, во обидот да сторат нешто повеќе против, во моментов, физички надмоќниот состав на МЗТ Скопје Аеродром.

Basketball.mk му посакува успешна рехабилитација на повредата, каква и да е, и брзо враќање на терените на Димитар Караџовски, кој што најверојатно заедно со Николовски и Мираковски, ќе биде на листата на „отпишани“.