ПОЧЕТНА НБА (ФОТО) Не се сите Канаѓани лоши – на некои им е жал...

(ФОТО) Не се сите Канаѓани лоши – на некои им е жал за Дурант

сподели

Цел свет остана згрозен од однесувањето на навивачите на Торонто Репторс во моментот на повредата на еден од најдобрите кошаркари на денешнината.

Јасно е дека неиграњето на Кевин Дурант е голема предност за нивниот омилен тим, но за кого и да станува збор, во такви моменти се искажува почит и поддршка. Тие не го испочитуваа ова непишано правило и затоа сите искрени љубители на кошарката на планетата упатија критики.

Анонимен фан на Репторс исто така бил разочаран од аплаузите и славјето по повредата на Дурант, па решил барем малку да го поправи впечатокот што светот го стекна за Канаѓаните.

Тој (или таа) испратил букет цвеќе во канцеларијата на Голден Стејт со порака за поддршка до ѕвездата на овој тим.

„Драг КД и Вориорс: Не можам да верувам дека овие глупави навивачи на Репторс славеа кога ве видоа повреден. Го гледав натпреварот и се чувствував грозно, тоа беше невиден срам. Се извинувам во името на цела Канада и се молам за брзо заздравување“, пишува на картичката која франшизата од Калифорнија ја објави на социјалните мрежи.

Однесувањето на навивачите на Торонто ги згрози и актуелните и поранешните кошаркари од НБА лигата. Дурант доживеа повреда на Ахиловата тетива и најверојатно му претстои пауза од околу една година.