ПОЧЕТНА Младински школи (ФОТО) Најдобриот младински клуб од Македонија беше гостин на Звезда и Партизан

(ФОТО) Најдобриот младински клуб од Македонија беше гостин на Звезда и Партизан

сподели

Младите кошаркари на Вардар родени 2006 и 2007 година имаа уште едно незаборавно искуство.

Тие гостуваа во Белград на славните српски гиганти, а одиграа четири пријателски натпревари со Црвена Звезда, Партизан, ИБЦ и Нови Београд.

Кулминација беше присуството на евролигашкиот натпревар меѓу Црвена Звезда и Реал Мадрид.

Вардар има одлична соработка со српските клубови, ова не е прво гостување во престолнината на нашиот северен сосед, а со оглед на плановите, нема да биде ни последно.

This slideshow requires JavaScript.