ПОЧЕТНА Во позадина (ФОТО) МЗТ Скопје му честита на цимерот

(ФОТО) МЗТ Скопје му честита на цимерот

сподели
фото: МЗТ Скопје

Цела Македонија е обединета во поддршката кон ракометниот првак Вардар кој има можност да стане прв клуб од нашата земја со две титули европски шампион.

РК Кометал Ѓорче Петров тоа го направи еднаш иако трипати играше финале, борачкиот клуб Бучим Јака исто така еднаш ја покори европа, а „црвено-црните“ сега се со шанса да ја освојат втората континентална круна.

Честитки за Пласманот во финалето стигнуваат од сите страни, но меѓу првите се јави цимерот на Вардар, МЗТ Скопје со кого ракометниот гигант го дели СЦ „Јане Сандански“.

Ние може само да посакаме наскоро и еден наш кошаркарски колектив, да ги достигне височините на РК Вардар, што се покажа дека со добра организација и добра инвестиција, воопшто не е невозможно.