ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА (ФОТО) Магдевски „слета“ во Гостивар

(ФОТО) Магдевски „слета“ во Гостивар

сподели
фото: gostivarpress.mk

Андреј Магдевски и официјално е нов член на Гостивар. Плејмејкерот ги финализира сите формалности и стави потпис на договорот со новиот прволигаш.

Големиот талент на македонската кошарка во Гостивар доаѓа од Фени Индустри чиј член беше последните 18 месеци.

фото: gostivarpress.mk

Неговите 18,6 поени, 5,7 асистенции и 2,8 украдени топки по натпревар се гаранција дека гостиварци добија огромно засилување пред продолжението од првенството.