ПОЧЕТНА НБА (ФОТО) Леброн почна со регрутација на играчи, прв на списокот – Кајри...

(ФОТО) Леброн почна со регрутација на играчи, прв на списокот – Кајри Ирвинг!

сподели
фото: AP

По 14 настапи во низа во плеј-офот, Леброн Џејмс оваа сезона не успеа да го однесе својот тим во разигрувањето за титулата.

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња не може да си дозволи такво нешто, па самиот тргна по засилувања кои ќе го направат Лос Анџелес Лејкерс поконкурентен на Западот.

Многу е чудно, но прв на неговиот список се најде Кајри Ирвинг, истиот оној кој пред две години буквално избега од Кливленд за да не остане во сенка на Леброн. По две разочарувачки сезони, исполнети со повреди, искусниот плејмејкер сфатил дека Бостон Селтикс не е тим за него и дека е подобро да си бара нова средина.

На социјалните мрежи се појави монтажа од него во дрес на Лос Анџелес Лејкерс. Еден од оние на кои им се допадна тоа и го „лајкнаа“ е лично Леброн Џејмс. Можеби шампионскиот тандем од Кливленд Кавалирс повторно ќе се спои во Ел Еј.