ПОЧЕТНА Во позадина (ФОТО) Животното прашање на мајката на Дончиќ: Го познавате ли Лука?

(ФОТО) Животното прашање на мајката на Дончиќ: Го познавате ли Лука?

сподели
Heavy.com

Мирјам Потербин била на прошетка низ Истанбул кога се соочила со најбизарната комуникација во нејзиниот живот.

Според нејзиното сведочење, непознат човек прво ја прашал од каде е, а откако одговорила дека е од Словенија, овој ја прашал дали го познава Лука Дончиќ. Мирјам Потербин, инаку, е мајката на суперѕвездата на Далас Маверикс.

„Мислам дека сум слушнала за него“, рекла таа, а целата конверзација ја објавила на Инстаграм. Настанот се случил минатото лето.

Лука Дончиќ неодамна ја заврши дебитантската сезона во НБА лигата. Таму замина на 19 години откако претходно ја покори Европа и со Реал Мадрид освои се што можеше да се освои. Љубителите на кошарката се во очекување тој да го добие признанието за дебитант на годината во НБА.